Вести Македонија Топ вести

МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР!

Лажни пораки испратени во име на МВР кружат меѓу граѓаните. До сега во МВР пријавени поголем број вакви случаи.

Од министерството информираат дека станува збор за измама која се спроведува во меѓународни рамки.

Според информациите на МВР во содржината која била испраќана до граѓаните стоел повик во кој се вели дека примачот на пораката треба да се појави на суд за наводна негова инволвираност во правни постапки и измислени кривични дела.

Притоа примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот преку вибер линк.

Од МВР велат дека овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба.

Предупредуваат граѓаните да не ги отвараат ваквите линкови и датотеки. Вакви електронски пораки со слична содржина претходно биле испраќани и на граѓани од земјите од регионот, велат од ресорното министерство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе