Вести Македонија

АПИС: Одлуката на Влдата за менување на законот на игри на среќа ќе ги натера луѓето да играат по подруми и на црно

Од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа реагираат на вчерашната одлука на владата да се донесе закон со кој кладилниците не смеат да се отвораат на 500 метри од училиштата. Тврдат дека со овој предлог закон ќе се затвори бизнисот, а 10 илјади луѓе ќе останат без работа, со што буџетот ќе осиромаши за 280 милиони евра на годишно ниво.

Предлогот за дислокација на објектите каде се организираат игри на среќа е многу тешко изводлив на терен. Согласно постоечката урбанизација, дистанцирање на одреден објект на 500 метри од едно училиште, ќе го приближи истиот објект на помалку од 500 метри до друго училиште. Затоа, одговорно тврдиме дека предложената дистанца од 500 метри во својата суштина значи дека Владата всушност предлага целосно затворање на оваа економска гранка. Ќе се затвори 100% законски бизнис што автоматски ќе предизвика игри на среќа да се играат на црно, во подруми, како децении наназад. Државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи. Приходите од играње во диви играчници ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци, велат од АПИС. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе