Вести Македонија

Трендафилов во „Топ тема“: На Вархеји му укажавме за ескалацијата на односите меѓу Скопје и Софија и оти е невозможна постапка за менување на уставот

Ескалацијата на односите меѓу Скопје и Софија се одвива во лоша конотација, се одвива во лош правец и атмосферата не дозволува да се воспостави нормален политички дијалог за да се пристапи кон извршување на одредбите од Спогодбата за добрососедство и одредбите од францускиот предлог, рече Ѓорѓи Трендафилов, претседатавач на националниот комитет на Граѓанско-демократската унија (ГДУ), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, во односот на пораките што ги пренеле во Брисел. 

При посетата на Брисел и средбите што таму ги имале со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, но и со средбите што потоа ги имале во европскиот парламент, тие не отишле со писмо, туку, како што вели, со збирка на жалби.

„Ние не отидовме со намера да тврдиме дека ова или она се случува, туку дека политичката атмосфера во Македонија и начинот на кој одредени политички фактори и јавни личности ги интерпретираат македонските евроинтеграции, создава впечаток дека, практично, ќе биде невозможно да се отпочне постапка за промена на уставот, во услови кога знаеме дека извештајот за Република Македонија ќе биде готов во текот на летото, најдоцна до јули“, вели Трендафилов.

Според него, Европската комисија и, конкретно еврокомесарот за добрососедство и проширување е објективно информиран за состојбите во Република Македонија, во поглед и на остварување на одредени прашања и права кои се врзани за состојбата со македонските Бугари.

„Можам да кажам дека беше пристоен, информиран и верувам дека и на македонските претставници на други политички партии им е сугерирано да настапуваат и да работат во насока на смирување на тензиите“, рече Трендафилов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе