Вести Македонија

Секоја минута на скопскиот плоштад пристигнуваат донации за настраданите во земјотресот во Турција и во Сирија

Граѓаните од Македонија соочуствуваат со семејствата на загинатите и болкатата на повредените од страшниот земјотрес во Турција и Сирија. Секоја минута на скопскиот плоштад, на импровизираниот пунк пристигаа луѓе со полни торби да донираат. Тие носат облека, обувки, храна, вода и хигиенски производи за семејствата што во земјотресите останаа без ништо.

Како ученици во Македонија, собираме помош за Турција. Шаторот ни е отворен 24 часа и кога сакате, можете да дојдете и да ни ја оставите помошта. Најпотребна ни е зимска облека, капути, јакни, ќебиња, шалови и чизми, пелени за бебиња. Тоа ни е најпотребно, вели Ердал Демирел.

И на социјалните мрежи граѓаните здружени со цел да помогнат на настраданите.

  • Една секунда и не нема, а живееме како да сме вечни. Господ нека им помогне на луѓево и во Турција и во Сирија. Донации на 143 400.
  • Сто денари за нас не значат многу, а за некој многу значат. Да помогнеме.

Од Црвениот крст велат дека во вакви ситуации најефикасна и најбрза е финансиската помош. Повикаа граѓаните да се мобилизираат во насока на собирање финансиска поддршка, секој според можноста да даде онолку колку што може.

Очекуваме одзив на населението, очекуваме дека како граѓани на оваа држава и овојпат ќе ја разбереме неволјата на другите затоа што ние во минатото често сме биле приматели на ваква помош во вакви катастрофални ситуации, вели Саит Саити, од црвен крст.

Од Црвениот крст додаваат и дека за оваа намена отворена е и солидарна жиро сметка, а средствата собрани таму веднаш се распределуваат онаму каде што се најпотребни. Отворена е и телефонската линија 143 400 на која со еден повик граѓаните може да донираат по 100 денари.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе