Вести Македонија

Бендевска во „Топ тема“: Вознемирувањето на една поголема популација води кон обратен ефект – дела од омраза, насилство, ксенофобија

Законот е многу дециден и од министерството за правда и од вработените очекувам да го прочитаат законот. Не е долг, но е суштествен. Откако комисијата ќе утврди дискриминација, како во случајот Културен центар „Иван Михајлов“, должна е да даде препораки за начинот на отстранување на повредата на правото на еднаквост, истакна Весна Бендевска, член на комисијата за заштита и спречување на дискриминација, во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

Комисијата за заштита и спречување на дискриминација беше инволвирана во случајот во бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ по претставка. Постапувајќи по неа, беше констатирано дискриминација и говор на омраза, но не кон клубот, туку од клубот по два члена од Статутот. Потоа следуваше барање тоа да биде сменето, меѓутоа не беше испочитувано и сето тоа заврши со прекршочна пријава до министерството за правда, бидејќи не ја исполнило својата обврска да ја провери законската работа на клубот.

„Во овој случај, дискриминацијата беше утврдена како повеќекратна и потешка форма, во форма на вознемирување, врз национална и етничка припадност кон припадниците на македонскиот народ и на сите етнички заедници во македонското опшество. Како подносител на претставката се јави општинскиот одбор на сојуз на борци од народноослободителната и антифашистичка војна. Ги посетивме сите инситуции, добивме докумантација пред да одлучуваме и по долга истрага, вознемирувањето во нашиот закон е препознато како недозволено, забрането однесување, бидејќи ги повредува чувствата, удира на човечкиот интегритет и чувство на достоинство“, објасни Бендевска.

Таа истакна дека како комисија, тело за еднаквост, должност е примена и на европската Конвенција за човекови права и во мислењето биле цитирани еден куп примери, каде што евроскиот Суд во Стразбур не дозволува историски ревизионизам и бара итна, општествена потреба за брзо реагирање.

„Вознемирувањето на една поголема популација води кон обратен ефект. Вознемирувањето води кон дела од омраза, насилство, создавање чувство на ксенофобија, несакани последици. Па, таквите дела на насилство ќе вродат насилство кон првата страна. Кругот не завршува. Она што побаравме во нашето мислење, не да го спориме правото на слобода на здружување, тоа не смее никој да го направи, бидејќи уставот и сите меѓународни инструменти за заштита на човековите права го гарантираат тоа. Но, затоа државите имаат морална обврска, право, да спречат злоупотреба на таа слобода, и не само на таа, туку и на сите предвидени слободи“, истакна Бендевска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе