Вести Свет

Рускиот патријарх Кирил под псевдоним Михаилов работел за КГБ

Рускиот патријарх Кирил, близок поддржувач на претседателот Владимир Путин, работел за советското разузнавање додека живеел во Швајцарија во 70-тите години од минатиот век, објавија швајцарските дневни весници „Матен диманш“ (Maten Dimanche) и „Зонтагцајтунг“ (Sontagszeitung) повикувајќи се на декласифицирани архивски податоци.

Според весниците, досието на швајцарската федерална полиција за актуелниот духовен лидер на Руската православна црква (РПЦ) потврдува дека „монсињор Кирил“, како што е именуван во документот, „припаѓа на КГБ“, главната разузнавачка служба на СССР. Двата медиуми имале увид во досието во швајцарската федерална архива.

Во раните 70-ти патријархот Кирил, кој жестоко ја поддржува руската инвазија на Украина, живеел во Женева, каде што официјално ја претставувал Московската патријаршија пред Светскиот (екуменски) собор на црквите.

Кирил тогаш под оперативниот псевдоним Михаилов исто така имал задача да влијае на овој совет, во кој КГБ поставиле агенти во 70-тите и 80-тите години на 20 век.

Советскиот Сојуз си постави за цел да ја убеди институцијата во Женева да ги осуди САД и нивните сојузници и поумерено да го критикува недостатокот на верска слобода во СССР, наведуваат весниците и истакнуваат дека Руската православна црква „одбива каков било коментар за шпионски активности на Кирил во Женева“.

Светскиот совет на црквите изјави дека „нема информации“ на таа тема.

„Матен Диманш“ го барал внукот на патријархот Михаил Гундјаев, кој го заменил како претставник на Московската патријаршија во Женева. Гундјаев тврди дека Кирил „не бил агент“, иако бил „строго контролиран“ од КГБ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека ВМРО-ДПМНЕ е стабилно на 59 мандати, СДСМ и ДУИ се тркаат за еден мандат

Дејан Дејан

Касами – Од утре ги почнуваме преговорите за влада со ВМРО-ДПМНЕ

Апасиев: Имаме сигурни шест пратенички мандати, очекуваме уште еден

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе