Вести Свет Топ вести

ЦИА со проценка: Наредните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина

Директорот на ЦИА, Вилијам Брнс изјави дека разузнувачките проценки на агенција се оти наредните шест месеци ќе бидат „критични“ за Украина во однос на руската инвазија, додавајќи дека Русите остваруваат некои помали придобивки во последните недели.

Говорејќи на настан за надворешна политика на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон, Брнс, исто така, рече дека агенцијата верува дека кинескиот претседател Си Џинпинг е „донекаде отрезнет“ од војната во Украина, но дека би било грешка да се потцени посветеноста на Пекинг и Москва на нивното заедничко партнерство.

Русија и Кина потпишаа „неограничено“ партнерство минатиот февруари, непосредно пред руските сили да ја нападнат Украина, а нивните економски врски се зајакнаа додека врските на Русија со Западот ослабеа.

Кина се воздржува од осуда на руската инвазија врз Украина, но внимава да не ѝ обезбеди директна материјална поддршка на Русија, што би можело да предизвика западни санкции како оние воведени против Москва.

Брнс додаде дека пријателството меѓу Русија и Кина не е целосно безгранично.

„Мислам дека е погрешно да се потценува взаемната посветеност на тоа партнерство, но тоа не е целосно пријателство без граници“, рече Барнс.

Руската инвазија ја поттикна загриженоста на Западот дека Кина може да направи сличен потег во Тајван, остров за кој Пекинг тврди дека е негова територија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе