Вести Свет Топ вести

В. Британија влезе во рецесија, објави централната банка на Англија

Велика Британија од јануари е во рецесија, но таа ќе биде пократка и помалку тешка одошто се претпоставуваше, објави денеска Банката на Англија.

Рецесијата се очекува да трае нешто повеќе од една година, бидејќи се намалуваат сметките за енергенсите, а цените бавно растат, што може да резултира со помал раст на невработеноста и помалку отпуштања.

Банката на Англија ги зголеми каматните стапки од 3,5 на четири отсто, што е највисоко ниво во изминатите 14 години. Тоа е 10-то зголемување на трошоците за задолжување и ќе го зголеми притисокот врз многу домаќинства кои веќе се соочуваат со зголемени животни трошоци.

Централните банки ги зголемуваат каматните стапки за да се справат со инфлацијата, што во Велика Британија изнесува 10,5 проценти, што е највисока стапка во изминатите 40 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе