Вести Македонија

Лидија Димова се изјасни оти не се чувствува виновна, нејзиниот поранешен соработник призна вина

Почна судењето против екс-директорката на Националната агенција за европски образовни програми Лидија Димова. Таа не се чувствува виновна, нејзинот поранешен соработник призна вина за измами на штета на средства од европските фондови. Одбраната на Димова ќе докажува дека обвинението е резултат на нецелосна истрага, а штета на европските фондови немало поради што ниту ОЛАФ не презема ништо.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова не се чувствува виновна. Вака се произнесе на стартот на судењето во кое одговара за злоупотреба на службената положба и за измама на штета на средства од Европската Унија. И нејзината поранешна колешка, благајничката Ана Павлиду негираше вина дека несовесно работење, но соработникот Александар Гочев кој е второобвинет призна вина.

Одбраната на Димова ќе докажува дека ниту направила штета, ниту злоупотребила европски фондови. Работела законски, а тоа го потврдиле и сите извештаи. Адвокатот не се согласува ниту со тезата на обвинителството дека без конкурс и постапки за јавни набавки, склучувала договори и ангажирала сораборници експерти и обучувачи во Агенцијата.

Гочев, кој призна вина, одговара дека бил како надворешен соработник, бил соизвршител со Димова во измамата со која се предизвикала штета на средства на европските фондови. Тој, според обивнителството, во договор со Димова прикажувал лажни податоци дека подигнувал аванси за службени патувања и на овој начин биле испумпани 15.000 евра од Агенцијата. Вкупната штета во овој предмет според обивителството е 320.000 евра.

Адвокатот на Гочев денеска не дојде на судењето поради што целосното признание на вина ќе го даде на посебно рочиште во февруари. За делото за кое одговара, одбраната не е задолжителна, судијката одлучи да го издвои предметот за изјавата да ја даде во присуство на бранител.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе