Вести Свет Топ вести

Киев: Русија се подготвува за масовен напад на 24 февруари

Русија го усовршува својот план за голема нова офанзива врз Украина, тврди официјален Киев. Предупредува дека оваа голема офанзива може да се случи на 24 февруари, точно на годишнината од почетокот на војната.

Според министерот Олексеј Резников, Москва собрала 500-тини илјади војници можниот напад. Во септември, рускиот претседател Путин мобилизираше 300 илјади резервисти, за кои тврдеше дека се потребни за да го осигураат територијалниот интегритет, но министерот Резников вели дека оваа бројка на мобилизирани војници е далеку поголема. Украина неодамна ги обнови повиците за борбени авиони за да се заштитат од воздушни напади, откако Германија, САД и Велика Британија се согласија да им испратат тенкови.

На борбениот фронт, силите на Кремљ ги протеруваат жителите во близина на деловите на линијата на фронтот што се под контрола на Русија, за да не можат да дадат информации за распоредувањето на руските трупи до украинските артилериски сили. И Институтот за проучување на војната смета дека „неизбежната руска офанзива во наредните месеци е најверојатниот начин на дејствување“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе