Вести Македонија

Уставен ја отфрли иницијативата на Антонијо Милошоски за обвинението за нарачана лустрација

Уставниот суд денеска го отфрли барањето на Антонијо Милошоски кој сметаше дека обвинението против него за случајот Моќник е поднесено од политички причини бидејќи е во опозиција.

Милошоски бараше Уставниот суд да го процени неговото барање за заштита на слободи и права во однос на обвинението. Уставниот суд пак оцени дека „обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот“. Обвинието според Уставниот суд е поднесок, односно едностран процесуален акт кој е основа за водење на кривична постапка. Во случајот Моќник покрај пратеникот Милошоски, обвинет е и неговиот татко и поранешниот претседател на Лустрациската комисија Томе Аџиевски. Моќник е предмет на СЈО кој е отворен по таканаречените бомби, а се однесува на злоупотреби со барање на Милошоски за лустрација на судија од Кичево, како и за имот кој го купил неговиот татко со повеќе одлуки на општина Македонски Брод.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе