Вести Македонија Топ вести

По бројните грешки во учебникот по Историја и Општество никој не сака да е дел од рецензентска комисија

Ниту еден пријавен рецензент на огласот на Министерството за образование и наука кој треба да ги види и процени забелешките за спорниот учебник по Историја и општество за петто одделение во кој беа увидени неточни податоци за кои бурно реагираше јавноста. Во меѓувреме до Педагошката служба пристигнале забелешки кои ги доставило Здружението на историчари и истите биле доставени до авторите на учебникот за да ги имплементираат.

  • Ако и на вториот оглас за рецензенти не се пријави никој јас како министер со допис ќе побарам од Педагошката служба да ја извести Националната комисија за состојбата на тој учебник, па потоа Националната комисија ќе треба да донесе одлука според законот, изјави министерот за образование Јетон Шаќири

Според Шаќири доставени се повеќе од 90 % од учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение. Деновиве се доставуваат и последните учебници кои недостигаат.

  • Од прво одделение се доставени сите учебници на сите јазици освен по предметот Oпштество кој според информациите кои ги добивам од Националната комисија последната недела е одобрен во Националната комисија, вели Шаќири и додава За четврто одделение сите учебници се доставени, за петто освен Mакедонски јазик во двата огласи што ги има пуштено Националната комисија заедно со Педагошката служба не е пријавен ниту еден автор и е формирана група на автори.

Второто полугодие започна со стари проблеми и недостиг на дел од учебниците, за кои реагираа и самите ученици и нивните родителите дека се со многубројни грешки. Почетокот на второто полугодие беше одложен за пет дена со одлука на Владата, заради функционалност на училиштата.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе