Вести Македонија Топ вести

„Здрава Котлина“: Холандски холдинг купи 25 отсто од акции на „Еуромакс“, концесионер на рудникот „Иловица“

Продадени се 25 отсто од акциите на компанијата„ Еуромакс рисорсис“, објави „Здрава Котлина“. Според „Здрава Котлина“, ова е потврда на нивните предупредувања дека тетовски „Еколог“ е заинтересиран да ја купи компанијата концесионер на рудникот Иловица.

Според информациите што ги објавија активистите, акциите се купени преку холандскиот холдинг NDX BV. Станува збор за акции во вредност од три милиони американски долари, а договорени се дополнителни 10 милиони канадски долари за докупување до вкупно 25 отсто од „Еуромакс рисорсис“, под услов во наредните две години „Еуромакс“ да добие дозвола за еколошката студија, да ги спои концесиите и, конечно, да добие дозвола за експлоатација.

Од „Здрава Котлина“ наведуваат дека овластен потписник на договорот поврзан со трансакцијата е Али Везваеи, кој, пак, во исто време е потпретседател на бордот на директори на „Еколог Интернационал групацијата“ и претседател на бордот на директори на автомобилската компанија e.GO Mobile.

Активистите со месеци предупредуваат дека тетовската компанија со поддршка на политичките партии ќе се обиде да го купи и отвори рудникот. 

Од тетовски „Еколог“ неофицијално негираа дека се заинтересирани за купување на „Еуромакс“. Но, на официјалните прашања испратени до компанијата, не одговорија.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе