Вести Македонија Топ вести

Националниот парк „Шар Планина“ кубури со кадар – само четворица ренџери се грижат за целиот масив

Само четворица ренџери се грижат за шарпланинскиот масив. Покрај нив и во правната и во административната служба, вкупно осум лица се вработени во Јавната установа, Национален парк „Шар Планина“ која одреден период имаше само директор.

Директорот Ибрахим Дехари вели дека со предизвици се соочуваат од првиот ден и дека се потребни дополнителни вработувања, за да се заштити и развие ова подрачје.

„Овие четворица редовни ренџери и другата административна служба, секако, недостасуваат за да ги имаме по контрола. Велам под контрола, затоа што првиот столб ни е заштита на природата, вториот е развој. Да почнеме да функционираме ни треба минимум 25. Ветено ни е од Владата дека за 2023 година ќе имаме 10 дополнителни редовни вработувања“, вели Ибрахим Дехари, директор на ЈУ Национален парк „Шар Планина“.

Делумно ќе бидат финансирани од Владата и од донатори, но во иднина ќе плаќаат и скијачите надвор терените, лицата кои ќе оставаруваат профит, а ќе има надоместок и за влез со возило, вели Дехари.

„Човек што ќе пешачи нема да плати, меѓутоа тој што ќе биде со возило, загадува во националниот парк тој ќе плати или пак, активност што е за комерцијала“, вели Дехари.

Од планинарските друштва посочуваат дека и жителите од шарпланинските села можат да помогнат во контролата на досегашните проблеми со сметот и нелегалните дејствија.

„Контролата на движење можеме да ја направиме со помош на овие жители. Со тоа што самото место и самите месни заедници на селото, да имаат бенефит од тоа а се разбира и националниот парк“, вели Снежана Новаковска, претседателка на планинарскиот клуб „Тетекс“ од Тетово

Вкупно седум општини во полошкиот регион имаат делови во Националниот парк „Шар Планина“, кој опфаќа површина од 62.702 хектари. За заштитено подрачје беше прогласено пред околу 18 месеци.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе