Вести Македонија Топ вести

Пендаровски: Охридскиот случај е единствена храна за помалите политички субјекти кои немаат политичка агенда

Не е првпат локален инцидент со многу тешки последици по едно лице, наш државјанин, да се става во целиот политички контекст и некои се обидуваат да го политизираат за да добијат политички поени на краток рок, бидејќи на долг рок и тие што го политизираат и злоупотребуваат овој случај, сигурно, нема да добијат ништо, порача македонскиот претседател, Стево Пендаровски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Тие што го политизираат овој случај, краткорочно можеби ќе добијат некои политички поени тука и таму, бидејќи избори доаѓаат, но на долг рок нема да добијат ништо. Прво, станува збор за еден историски наратив или разбирање на односите меѓу Македонија и Бугарија, кој датира од 60-тите години на минатиот век. Тоа е влезено во главите на многу бугарски генерации на политичари. Не велам дека кај нас нема со таков наратив, кај многумина кои и ден денеска се активни во политиката, низ такво светло, низ таква призма да ги гледаме македонско-бугарските односи. Не тврдам, има сигурно, бидејќи белите петна или сивите зони во двете историографии од времето на т.н. социјализам, се присутни“, вели претседателот Пендаровски.

Шефот на македонската држава го образложува тоа дека новите генерации ги слушаат оние кои учеа за тоа во училиштата и во Софија и во Скопје и тоа вели „не може да побегнеме“. Тоа според него „се опашки кои се влечат и веројатно ќе се влечат уште децении и децении.

„Меѓутоа, втората причина, според мене, се повторно закажаните избори во Бугарија за 2 април, кога секој од овие помали политички субјекти се обидува да капитализира на вакви инциденти, бидејќи тие немаат друга политичка агенда. Тие не зборуваат за помали даноци, за помал државен апарат, за помала корупција, за повисок животен стандард… Или ако зборуваат, зборуваат на маргините и ова им е единствена храна со која се хранат и само на таа, крајно радикална етничка агенда можат да добијат едно-две места во бугарскиот парламент. Минатиот пат не успеаја, сега се надеваат дека низ политизација и злоупотреба на овој случај за политички поени, можеби ќе можат да успеат во април“, смета Пендаровски.

Целосното интервју со претседателот Пендаровски можете да го проследите на овој линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе