Вести Свет Топ вести

МААЕ: Силни експлозии во близина на нуклеарната централа Запорожјe

Во близина на украинската нуклеарна централа Запорожјe, која е под руска окупација, вчера одекнаа силни експлозии, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на ОН, МААЕ.

  • Претседателот на МААЕ, Рафаел Гроси, кој ја посети Украина минатата недела, изјави дека вчера Агенцијата регистрирала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика околу нуклеарката да се воспостави „безбедна зона“.

Руските сили вчера извршија масовен ракетен напад врз Украина, при што беа истрелани повеќе од 50 проектили кон цели низ целата земја. Украинската војска соопшти дека соборила повеќе од 40 руски проектили, додавајќи дека Русите во нападот користеле хиперсонични ракети од типот Кинжал. Руските напади беа извршени еден ден откако САД и Германија најавија испорака на модерни тенкови Леопард 2 и Абрамс во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе