Вести Македонија Топ вести

Еко- автобусите не минаа на седница на Советот на Град Скопје

Најавуваше, се обиде, но советот и кажа „не“ на градоначалничката Данела Арсовска. Скопјани нема да добијат еко- автобуси. Предлогот за набавка заглави во градското собрание и остана идеја на хартија. Нема да се потрошат и 10 милиони евра за набавка на овие еколошки возила.

Арсовска, во жолчна дебата, ги убедуваше советниците дека ќе подигне кредит, но не објасни колку автобуси и од која фирма ќе купи со тие пари. Планот на Данела, падна во градското собрание со 18 воздржани, наспроти 15 „за“.

И додека Владата ја чека УЈП за да седне на маса и да преговара со град Скопје и приватните превозници, за Арсовска под уцени и закани не разговара.

Арсовска во изборната кампања вети набавка на 250 еколошки автобуси и бесплатен автобуски превоз за сите граѓани.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе