Вести Свет Топ вести

Падна снег во Алжир после 11 години

Снег падна во пустинските области во југозападниот дел на Алжир.

По два сушни месеци во регионот Башар, студен бран донесе снежна покривка, прва во последните 11 години, јавија локалните медиуми.

Поради снегот затворени се и неколку локални патишта.

Во Алжир, климатските аномалии зачестија во последната деценија. Во градот Аин Сефра паѓаше снег во 1979, 2016, 2017, 2018, 2021 и 2022 година.

Вчера попладне исто така планинскиот врв Џабал Шамс во Оман беше покриен со бело покривка  по снежните врнежи. Температурата достигна -2 степени Целзиусови на највисоката планина во Оман, според евиденцијата на оманската метеоролошка служба.

Ретко се случува овој врв, 3.000 метри надморска височина да биде покриен со снег.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе