Вести Македонија Топ вести

Уставните измени – клучни на менито на Рама

Уставните измени – клучни на менито на Рама. Ахмети, Тарвари, Гаши и Тачи, по вечерата открија што имало на маса, а едногласни се и во оценката на атмосферата. Јавноста е во прашалници – ќе се појави ли нова Тиранска платформа, шест години по првата?

„Среќна година на Албанците каде и да се“ – Една реченица и една фотографија на Фејсбук-профилот на Рама, од вечерата со уставни измени на менито, клучниот услов за македонските евроинтеграции. По шест години од Тиранската платформа, албанскиот премиер повторно, намерно или случајно се вмеша во внатрешната политика на Македонија. Со тоа што се потврдија шпекулациите за темите, се разгореа сомнжите дали и што добил Рама како ветување од главните гости – четворката Ахмети, Тарвари, Гаши и Тачи. Сите излегоа задоволни, и од менито и од атмосефрата. Била братска и релаксирачка.

  • Иднината на двете земји е во ЕУ и предизвиците што ги очекуваат во овој период се заеднички. Стандардите и на двете земји треба да се усогласат со оние на земјите од Унијата. Уставните измени не му штетат на македонскиот идентитет, напротив, го зајакнуваат. Без Албанците нема Македонија- Али Ахмети, ДУИ.
  • Меѓу другото разговаравме и за уставните измени. Познато е дека нема ниту еден лидер на албанска политичка партија во Македонија кој не ги поддржува уставните измени, со единствена цел во ноември да почнат реалните преговори со ЕУ- Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.
  • Братска средба. Зборувавме за нашата заедничка иднина на патот кон Европската Унија, а не за нешто поконкретно- Мендух Тачи, ДПА.

Темите на вечерата во Тирана не му бодат очи на премиерот Ковачевски, бидејќи неговиот албански колега Рама, вели е докажан евро-атлантист.

  • Секој разговор на Рама, кој е докажан пријател на нашата држава и е докажан евроатлатист, го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење на пријателство, добрососедство и задржување на курсот на европските интеграции го сметам за позитивен и добредојден- Ковачевски.

Ковачевски во обид да ги смири реакциите, а опозицијата со теорија дека средбата е токму на негово барање, со единствена цел -да ја спаси сопствената кариера.

По вечерата, лавина од реакции и на социјалните мрежи, голем дел и на адреса на лидерот на интегративците. Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук напиша: „Ахмети да разговара за ЕУ е исто како Ал Капоне да разговара за концептот за човекови права.“

Весна Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почна предизборниот молк- денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

Дејан Дејан

(Видео) Страотна сообраќајна несреќа утрово на Партизанска во Влае

Дејан Дејан

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе