Вести Македонија Топ вести

Ратификацијата на Договорот за Фронтекс на собраниска седница

На собраниска седница денеска на дневен ред е ратификацијата на Договорот меѓу Република Северна Македонија и ЕУ за оперативните активности спроведени од страна на ФРОНТЕКС – Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во земјава.

Со Договорот, кој е прв ваков договор меѓу Македонија и Унијата потпишан на македонски јазик, се уредуваат сите прашања неопходни за распоредување тимови за управување со границите од постојаниот корпус на Европската гранична и крајбрежна стража во  Македонија при што членовите на тимот може да вршат извршни овластувања на територија на државава.

Спроведувањето на договорот во земјава е во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Согласно Предлог законот за ратификација на договорот, неговата имплементација треба да стапи во сила на првиот ден од вториот месец по датумот на кој страните меѓусебено се известиле за завршувањето на внатрешните правни процедури.

Договорот за ФРОНТЕКС, во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше потпишан во Скопје на 26 октомври 2022 година. Параф на документот во свечената сала на Владата ставија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон и амбасадорот на Чешката Република во земјава, Јарослав Лудва, во име на Чешкото претседателство со Советот на ЕУ.

Претставниците на Владата и на Европската комисија се согласија дека потпишувањето на овој прв договор меѓу Северна Македонија и Унијата на македонски јазик, без какви било ѕвездички и фусноти и на јазиците на земјите членки на ЕУ, е потврда на дело за почитувањето на македонскиот јазик и македонскиот идентитет од страна на Европската Унија.

Имплеметацијата на Договорот за ФРОНТЕКС, на оперативно ниво ќе овозможи подобра заштита на границите, брзо распоредување на персонал и опрема на ФРОНТЕКС или на странски полициски службеници на критични точки на границите, а во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата се обезбедуваат можности за сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки и слично.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе