Вести Македонија Топ вести

Антикорупциска го проверува Бектеши дали го пријавил вработувањето на сопругата

Антикорупциска отвориле предмет за Министерот за економија Крешник Бектеши за да проверат дали пријавил дека негово блиско лице е вработено во јавна администрација, како што налага законот. Резултатите од истрагата ќе се знаат наредната недела велат од ДКСК.

Ако не ја известил Антикорупциска ќе треба да плати одредена глоба.

Станува збор за за неговата сопруга Улка Каба Бектеши, која од телевизиско лице доби вработување во владината агенција за остварување на правата на заедниците. Конкурирала на конкурсот со уште еден кандидат, но според институциите била подобро рангирана. Го минала и филтерот во информатичко општество со кое раководи Адмирим Алити. Според директорот Еран Куртиш вработувањето не било спорно, а за функионерите таа е само кандидат за работно место.

Пред две години, и сестрата на Бектеши беше вработена во една енергетска компанија, по што во јавноста имаше бурни реакции. Бектеши, тогаш тврдеше дека не ургирал, туку дека сестра му сама се вработила. Реагираше Антикорупциска, која поднесе прекршочна пријава до министерот, заради судир на интереси, по што Бектеши плати казна од 500-тини евра.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе