Вести Македонија Топ вести

Нормализиран авиосообраќајот на скопскиот аеродром

Утринава според информациите достапни на ТАВ Македонија, речиси целосно е нормализиран авио сообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје. Пријавено беше доцнење само на еден лет кој доаѓаше од Истанбул.

Синоќа пак поради густата магла неколку летови беа пренасочени и слетаа кон Приштина. Лошите временски прилики беа причина два дена со ред аеродромот во Скопје да ги откажува, пренасочува летовите како и да предизвика доцнење на голем дел од нив, што пак предизвика револт и нетрпение кај патниците кои или доцнеа со тргнувањето, или пак оние кои требаше да слетаат, беа пренасочувани на другите аеродроми од регионот.

Според синоптичарите за утре повторно е најавена густа магла што пак дополнително ќе ја влоши состојбата со видливоста.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе