Вести Македонија Топ вести

Последни пратенички прашања за годинава

Собранието денеска одржува седница на која пратениците ќе поставуваат прашања до членови на Владата. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот, а согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.

На денешната седница се очекува да бидат поставени голем број прашања кои ќе се однесуваат на прашањето за отворање на уставот, економската и енергетската криза, како и за начините на кои земјава се справува со ваквите предизвици.

Опозицијата се очекува повторно да го постави прашањето за предвремени парламентарни избори особено откако во текот на вчерашниот ден лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повторно го отвори ова прашање со барање тие да се случат напролет односно на 14ти или 21 ви мај.

Рече дека македонската опозиција нема да поддржи уставни измени за вклучување на бугарското малцинство во него, како што е предвидено во преговарачката рамка со ЕУ, бидејќи „нема да се стави крај на бугарските барања за уништување на македонскиот идентитет“.

Предвремени парламентарни избори бара и движењето Беса, дури и под услов да ги поддржи уставните измени со распишување нови избори следнава година. Владеачките партии пак и вчера го повторија ставот дека избори ќе има но тие ќе бидат редовни и ќе се одржат во 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе