Вести Македонија Топ вести

ЕСМ четири дена купувала струја од трговски компании, истата на ХУПЕКС берзата била за 40 отсто поевтина

Државната компанија ЕСМ набави струја за која плати 800.000 евра поскапо од сумата што би ја платиле ако електричната енергија ја купиле по цените на унгарската берза ХУПЕКС, објави faktor.mk. 

Струјата е набавена за четири дена почнувајќи од понеделникот, па до денеска. ЕСМ набавките ги има објавено на нивната веб страна и таму стои дека од три трговски компании нашиот државен производител набави 12.240 мегаватчасови електрична енергија за кои се потрошени нешто над 2 милиони евра.

Во истиот период цената на ХУПЕКС берзата била за 40 отсто поевтина па доколку ја купела од таму ќе заштедела 800 илјади евра, објави веб медиумот faktor.mk.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе