Вести Македонија Топ вести

Доцна синоќа изгласан буџетот на Град Скопје

Советот на Град Скопје доцна синоќа го изгласа буџетот за 2023 година. Од локалната самоуправа информираат дека е донесен развоен буџет со социјална компонента и со мерки за домаќинско и штедливо работење на градот. На донесувањето му претходеа расправи по голем број амандмани со кои се бараа средства за улици, монтажни паркиралишта, за социјално ранливите категории, за спортот, културата.

Градоначалничката, Данела Арсовска, пак на присутните советници од говорницата им порача дека буџетот е лимитиран поради енергетската и економската криза и изрази благодарност до советниците од Левица, ЛДП и ДУИ кои одлучиле да не поднесат амандмани на предложениот буџет. На советниците од ВМРО – ДПМНЕ и рече дека не се конструктивни и сакаат да го блокирате буџетот со несериозни амандмани. Тие предложија амандман за реконструкција и изградба на улици во скопските општини за кои, пресметале дека потребни се 35 милиони денари. Според Арсовска пак за да се реализира овој амандман потребни се милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе