Македонија Топ вести

Вера Коцо за Таргет-Тврдина: Недозволиво е предметот да се држи девет месеци во Апелација, тоа не е во прилог на некаква правда, туку напротив се добива неправда

Оваа година имаше многу случувања во правосудствтото но уште долго ќе се анализираат и дускутираа настаните од последниве неколку месеци . Да почнеме од последните случувања.

Апелациониот судии ја укинаа пресудата за Таргет Тврдина за масовното прислучување. Ова е трета по ред осудителна пресуда против екс шефот на тајната полиција која паѓа на апелација. Но она што даде дополнитена тежина на ваквата одлука е тоа што делата на Мијалков во овој предмет застаруваат во 2025, а апелационите судии  9 месеци одлучувале да ја укинат пресудата. Во Топ Тема се разговара за тоа дали судиите можеле да бидат поекспедитивни и доколку  забележеале по јавната седница дека има суштествени повреди што требало да направат?

„Кога зборуваме за судска правда тоа значи дека треба да се постапува егфикасно  транспарентно и во разумен рок. Ако Кривичниот суд на некој начин го решил предметот и стигнал во Апелација, Апелација морала да реагира што е можно најбрзо. Според кој закон е допуштено да го држиш предметот девет месеци. За мене тоа е недозволиво и воопшто не е во прилог на некаква правда, туку напротив се добива неправда“, рече во вечерашната Топ Тема на Телма Вера Коцо врховна судијка во пензија.

Според адвокатот Александар Тумановски екипираноста на Апелација е на многу лошо ниво, таму долг период не се избрани судии и можеби тоа влијае на брзината и експедитивноста на работењето на судот.

Случајот Тенк како предметот исто така беше пред застарување, но тогаш апелационите судии беа доста експедитивни и донесоа одлука во рок од еден месец за да не застари овој предмет.

“Судот мора да внимава на сите работи кои може да се случат при работењето на предметите по жалба и на делот за застарување треба да се внимава бидејќи може да доведе до трајни последици, како по странките така и по самите судии доколку тоа го имаат направено со некаква тенденција или со некаква крајна намера. Сметам дека Судски совет треба да излезе со конечен извештај, по направенмата контрола сигурно ќе има повеќе информации за тоа што се случило со тие предмети’, рече Александар Тумановски, адвокат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Талат Џафери предупредува на обиди за изборен инжинеринг за менување на силите во парламентот

Дејан Дејан

Управен оформи предмети за седумте тужби на Европски Фронт

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе