Вести Македонија Топ вести

„Испрани“ информации од АНБ за бомбите и Онишченко, пратениците без мобилни телефони на расправата

Дојде, виде и зад затворени врати раскажа што се случувало во АНБ кога на Олександр Онишченко му било позитивно одговорено дека не е безбедносен ризик и може да добие македонско државјанство и покрај спорната проруска биографија. Новиот директор на АНБ Зарко Милошевски за првпат се појави пред јавноста. Брифирал тајни податоци за Онишченко кои не ги сподели ниту претседателот на надзорната комисија.

Пренџов порача дека мора да се преземат мерки за подобрување на имиџот на националната безбедност поради честите скандали кои ја следат тајната служба. Јавноста треба да биде информирана, а државата да се грижи да нема пропусти. Директорот на АНБ Милошевски барал затворена седница и за бранот закани за лажни бомби којшто ги вознемирува граѓаните од почетокот на ноември. Опозицијата одбила затоа што смета дека станува збор за информации од јавен интерес.

Сите пратеници пред седницата во посебна просторија мора да ги остават мобилните телефони. Новата безбедносна мерка е воведена откако првото продолжение на седницата за државјанството на контроверзниот Олександр Онишченко беше безбедносно пробиено и беше пренесувано она што го зборува зад затворени врати.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе