Вести Македонија Топ вести

АА бара итно повлекување учебникот по албански јазик за петто одделение- во лекцијата за кратенски се наведени и ДУИ

Бараме учебникот по албански јазик за петто одделение итно да биде повлечен од употреба, а заедно со него и „партискиот емисар именуван министер“, изјави денеска портпаролот на Алијанса за Албанците, Наим Бајрами.

  • Ако сакате да уништите еден народ без војна, уништете му го образованието, а еден од „најдобрите“ начини да го постигнете тоа е политизација и партизација на образованието. Со години го креваме гласот против различните облици на партизација на образованието. Од оваа власт слушнавме само ветувања дека ќе работат на деполитизација, а во реалноста го направија спротивното, со воведување на партијата во секоја пора на образованието. Неодамна партијата влезе и во учебниците и во текстовите на најчувствителните возрасни групи. ДУИ веќе влезе како пример во учебникот по албански јазик за петто одделение, поточно на лекцијата за кратенки, каде што се споменуваат примери на земји и меѓународни институции, рече Бајрами.

Како што додаде тој, ова е „скандалозна злоупотреба на учебниците за партиска пропаганда, за индоктринација на деца, слично како во времето на комунизмот и времето на другарот Тито и другарот Енвер“.

  • Тоа е срамна сервилност на самиот автор Вехби Кадриу, таткото на поранешниот кандидат на ДУИ, Ендрин Кадриу, кој потоа беше назначен за директор на Радиодифузија, изјави Бајрами, нарекувајќи го притоа министерот за образование и наука Јетон Шаќири – „министер за уништување на образованието“.

Учебникот е издаден годинава, негов автор е Вехби Кадриу, а издавач е МОН.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе