Вести Македонија

Специјални услови за високо профилираните затвореници во струшкиот затвор каде е и Мијалков- клучот од келијата си го носат со себе, а затворот забранил пристап за набљудувачи

Во текот на летото додека мониторинг тимот на Хелсиншкиот комитет за човекови права и на Македонското здружение на млади правници  во рамки на проектот „Борба против тортура и нехуман третман“, финансиски поддржан од Европската Унија, бил во посета на струшкиот затвор, не им било дозволено да влезат во повеќе келии на затвореници кои биле на работа надвор од затворот.

Според информациите на Телма, станува збор за келиите на високо профилирани затвореници кои по промена на адресата издржуваат казни во струшкиот затвор. Во тоа време таму издржуваа казна Орце Камчев и Зоран Милески Кичеец, а потоа таму беа однесени и Сашо Мијалков и Ненад Јосифовиќ.

Телма претходно објави дека меѓу вака привилегираните затвореници бил и екс директорот на УБК Сашо Мијалков, но според податоците од извештајот посетата во струшкиот затвор била на 22-ри јули, две и пол недели пред Мијалков да добие келија во струшкиот затвор.

Објаснувањето од заменик директорот на затворот за заклучените келии било апсурдно.

-На мониторинг тимот не му беше дозволено да види една од собите на осудени лица кои беа излезени на работа на фирма. Иако на заменик директорот му беше предочено дека тимот има дозвола за непречен пристап до сите простории од страна на Управата, заменик-директорот информира дека на осудените лица им е дозволено да си го земат со себе клучот од собата, а вработените во установата немаат резервен клуч, стои во извештајот на Хелсиншкиот комитет објавен на 6-ти декември.

Во извештајот не е наведен одговор како затворските служби објасниле зошто немаат резервен клуч за повеќе келии.

Поради тоа набљудувачите направиле и препорака.

-КПУ Струга не смее да ограничи влез во простории на претставници од граѓански сектор кои имаат дозвола од страна на Управата за извршување на санкции за влез во сите простории во казненопоправните установи и разговор со осудените лица; КПУ Струга не смее да дозволи осудените лица кои работат надвор од установата да имаат клуч од собата, а установата да не располага со резервен клуч, препорачува Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Извори запознаени со состојбата во струшкиот затвор за Телма тврдат дека праксата со немање резервни клучеви била продолжена и подоцна кога Мијалков почнал да ја издржува казната.

Во извештајот на Хелсиншкиот комитет не се наведени имиња на затвореници.

Останува мистерија зошто на затвореници како што се Мијалков (обвинет во повеќе корупциски случаи со злоупотреба на буџетски средства) или Милески Кичеец (осуден со признание на вина за случајот Рекет и барање мито) им е дозволено да изнесуваат имот на државата (клучеви) надвор од затворот,

Мијалков утрово не беше спроведен од страна на затворот во Струга на судење за предметот за изборен криминал (Титаник 2) поради што дополнително се потврдува ставот дека државните институции заедно со одбраната на Мијалков работат на застарување на судењата за неговите кривични дела. Претходно Апелационите судии по 14 месеци чекање ја поништија пресудата за „Тврдина таргет“ каде е обвинет и Мијалков кој за нелегалното прислушување и масовно прекршување на човекови права доби казна затвор од 12 години. Но таа казна веќе не важи, а и тој предмет е поблиску до застарување.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе