Вести Македонија

Од ДУИ зборуваат за борба со корупција и владеење на правото – опозицијата им порачува да ја бараат во своите редови

Размуабетени и предновогодишно расположени – функционерите на ДУИ си подадоа рака за достигнувањата во оваа година и ги исцртаа целите за идната. Министри, градоначалници и други партиски фигури беа присутни на настанот на кој координирано, никој од нив не прифати да даде изјава пред камерите на медиумите.

На говорницата застана само претседателот на партијата Али Ахмети и говореше на албански јазик, без да ги удостои медиумите на македонски јазик. Со помош на новинарите од редакциите на албански јазик, успеавме да добиеме слика за работите коишто ги говори Ахмети на бината – повикувајќи на уставни измени за внес на бугарите во уставот и силна борба со корупцијата во идната 2023 година, кога неговата партија ќе одбележи 21 година како владин коалициски партнер.

И додека претседателот на ДУИ јавно говори за борба против корупција и стратешки цели – од опозицијата силно критикуваат. Корупцијата е вкоренета токму во Владата и кај владините коалициски партнери, вели претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Зборувајќи за предвремени парламентарни избори, Мицкоски ги препознава токму ДУИ и Ахмети како оние кои ги „држат конците“ на Илинденска број 2.

Ковачевски не е човекот којшто одлучува. Таму одлучуваат два фактора. Одлучува ДУИ и Али Ахмети и тие се свесни дека никогаш нема да бидат во подобра позиција од оваа сега. Најсреќен во оваа позиција е ДУИ и Али Ахмети. Вториот фактор се парите коишто се делат од тендерите во четири очи. Таму нема стратегија, нема политичка мудрост и визија. Таму фактор е ДУИ и парите кои што се делат, порача Мицкоски.

Од ДУИ го споменуваат ветингот и владеењето на правото и силно справување со корупцијата, како нешто на што треба да се работи во новата година – пораки кои често ги слушаме и од страна на меѓународната заедница во земјава.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе