Вести Македонија Топ вести

Србија на „Мердаре“ го предаде барањето за враќање за српски безбедносни сили на КФОР

Србија достави и писмено барање до КФОР за враќање на српски војници и полицајци на Косово, со оценка дека тоа би придонело за намалување на напнатоста на северот на Косово. Барањето е предадено предпладнево, на силите на КФОР на граничниот премин Мердаре. Станува збор за бројка од сто до илјада војници и полицајци, за кои официјален Белград нема надеж дека ќе биде одобрено.

„Претпоставуваме, речиси сме сигурни, врз основа на сè што слушнавме, дека тоа нема да биде прифатено. Но, се разбира, чекаме да видиме да го добиеме тој документ“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во меѓувреме, вчера во јужниот дел на Митровица, уапсен е уште еден поранешен српски полицаец, наводно обвинет за воени злосторства, што Србија го смета за доказ дека косовските власти не сакаат смирување на ситуацијата.

„Барав само информација дали е точно дека е уапсен и каде е. Имаме информација дека е префрлен во Приштина, дека не можеме да го видиме и дека е обвинет за воени злосторства“, изјави Сузана Трајковиќ, сопруга на уапсениот полицаец.

Блокадите во северниот дел на Косово траат веќе седми ден, а беа поставени по апсењето на друг поранешен српски полицаец. Меѓународната заедница повикува да се тргнат блокадите и двете страни да се вратат на дијалогот.

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, кој неделава беше и во Белград и во Приштина беше јасен дека Соединетите Држави се против доаѓање на српски сили на Косово.

Косовската претседателка Вјоса Османи вчера кажа дека присуството на српска војска во Косово заврши во 1999 година.

Марија Дивитарова Савановиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе