Вести Македонија Топ вести

(видео)Пронајдено тело во водите на Вардар, најверојатно станува збор за лицето што вчера скокна во реката

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека во водите на Вардар е пронајдено тело, кое најверојатно е на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија”.

  • Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно е она коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” во реката Вардар. Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од мостот, соопштија од ЦУК..

Според Центарот, телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.

– За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации, додаваат од ЦУК.

Како што претходно информираа од Центарот, по направената координација со МВР, ДЗС, локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвениот крст, денеска со чамец се вршеше потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито од страна на специјализираните единици на МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе