Вести Македонија Топ вести

(Видео)Сулејмани за Топ Тема: Ако избиеше конфликт на Косово тоа ќе беше најдобриот подарок на Путин за Нова година

„Од играчка плачка“, вака ја нарече универзитетскиот професор Ризван Сулејмани во вечерашната Топ Тема на Телма, ситуацијата на северот на Косово, потенцирајќи дека конфликтот меѓу Белград и Приштина има и своја позадина, тука е нерешениот статус на Косово, можеби негово финализирање.

Околностите се многу комплицирани, вели тој, ситуација на која бевме сведоци пред 24 часа која лесно можеше да излезе од контрола се покажа дека ЕУ во клучни моменти нема капацитет да излезе со јасна порака и став, тоа требаше прево да го направат амбасадите на САД, Британија, Германија па, Борел да се појави со став кој треба да биде став на ЕУ.

Според Сулејмани Вучиќ имаше реални шанси да „се слизне“ и регионот да има последици ширејќи клима на фатализам дека денеска е денот Д, кога ќе започне иселување на Србите и враќање на војската.

  • „Тоа ќе беше најдобриот подарок на Путин за Нова година, сметам дека опноста за сега е надмината“, истакна професорот Сулејмани.

Васко Наумовски, поранешниот амбасадор на Македонија во САД и универзитетски професор смета дека притисокот е евидентен во последните месеци посебно по руската инвазија во Украина, целта на ЕУ и САД е стабилизација во регионот иако за Косово имаме позитивни вести.

  • „Вниманието е насочено кон Белград и Пристина и идејата е да се изврши притисок кон двете стани, што е врзано и со позицијата на Белград во однос на Русија. Но и конечното решавање на односите меѓу Белград и Приштина. Договоро од Брисел има добри страни и за двете земји и доколку се случи некаков договор повторно ќе има одредени прашања кои ќе треба да се решаваат на долг рок“, рече Наумовски во Топ Тема на Телма.

Сулејмани: Корупцијата е издигната на ниво на безбедност

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе