Вести Македонија Топ вести

Нема договор на релација Град Скопје – приватни превозници- автобусите остануваат на Илинденска

Ни по две недели нема договор на релација Град Скопје – приватни превозници. Автобусите остануваат на Илинденска, блокадата продолжува, градот молчи.

Додека партиите бараат одговорност од првиот менаџер на Градот, Владата ќе превеземе мерки доколку Арсовска не седне да разговара со приватниците и да го реши проблемот.

Владата да го реши проблемот со приватните превозници побара и Арбен Таравари. Чувствува одговорност бидејќи во соработка со ВМРО-ДПМНЕ ја поддржал кандидатурата на градоначалничката Данела Арсовска.

Приватните превозници остануваат на илинденска се додека не падне договор.

Илинденска останува блокирана се додека ЈСП не го исплати долгот од близу 2 милиони евра на Слобода превоз и Макекспрес.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе