Вести Македонија Топ вести

На крај на првото полугодие нема учебници, а тие што ги има се полни со грешки

Првото полугодие е пред крај, а сè уште не се доставени сите потребни учебници. Сите рокови од септември беа пробиени. Досега се испорачани 230.000 учебници, а во печатница се уште 90.000.

Од „Европа 92“ каде што се печатат учебниците за Телма велат дека печатењето се одвива според планот на Министерството за образование и наука (МОН). Министерот Јетон Шакири вели дека нема одговорност за доцнењето, ниту па чувствува вина за да поднесе оставка. Вели дека е тој е министер од јануари и само ја наследил состојбата која сега ја исправа.

„За наредната учебна година, да, ќе почувствувам одговорност и сигурен сум дека учебниците и пред 1 септември“, изјави, меѓу другото, министерот Шаќири на денешната прес-конференција.

Но, и во учебниците кои доцнат има и грешки и нелогичности. Родителите се жалат дека се полни со правописни грешки. Во географија за осмо оделение, наместо знаме на Португалија има на Шпанија. Има и задачи по математика каде децата треба да пресметаат како едно цело има повеќе од две половини. При решавање на задачи често  излегуваат децимални бројки наместо цели. Во четврто одделение, учениците не смее да ги решаваат и пополнуваат задачите иако се предвидени такви вежби.

„Конечно добивме учебници по Македонски јазик и Математика за IV одделение (по три месеци од почетокот на учебната година. Ден – два потоа пристигна допис (информација) од МОН дека учениците не смеат да пишуваат во учебникот по математика. Три месеци работиме без учебници и откако пристигнаа – не смее да се пишува во нив, каква иронија“, вели наставникот Гоце Бумбаровски.  

Согласно новата програма, учебниците од прво до трето оделение ќе се печатат секоја година, а од четврто до деветто на секои пет години. Министерот ветува дека наредниот септември учебниците ќе ги испорача навреме, ако не ќе понесе одговорност.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе