Вести Македонија Топ вести

Каква цена на струја ќе плаќаат граѓаните по Нова година, ќе се знае до петок

До крајот на неделава, ЕСМ треба да ја достави новата цена по која ќе ја продава својата струја на ЕВН ХОУМ. Од тоа каква цена ќе понудат државните електрани, најмногу ќе зависи какви ќе бидат сметките за струја на домаќинствата по Нова година. Во моментов таа е 48 евра за мегават час. Дали ќе има зголемување на овој износ или не ќе се знае на 16 декември, до кога ЕСМ треба да ја достави понудата. Во меѓувреме Регулaторна ги чека и пресметките на трошоците и од останатите енергетски компании. Откако ќе ги добијат ќе се направи анализа што од барањата ќе им биде прифатено, а што не. Она што се знае е дека ДДВ-то за струја од први наместо 5% ќе биде 10 %.

„Во постапка се тендерите за Евн Хоум и тендерите за поркивање на загубите на Мепсо и Електордистрибуција. Кога ќе завршат, да ги видиме прво цените,  па понатаму претпоставувам ќе добиеме барања од нив за определување на нивните  цени за следната година“, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Според експертите, логично е цената на струјата да се зголеми, затоа што дома не произведуваме доволно. Но, новата цена велат ќе биде политичка одлука.

„Е не произведуваат доволно, купуваат и нормално некои тоа ќе го плати или ќе ја зголемат цената и ќе плаќаме веднаш или ќе земат кредит и ќе го плаќаме одложено“, вели Константин Димитров- универзитетски професор.

Првиот регулатор уверува дека моменталните набавки на струја кој ЕСМ ги прави за да ги поркие потребите за фирмите, училиштата и водостопанствата нема да имаат влијание на крајната цена на струјата за домаќинствата.

За ноември, пак, и половина декември се потрошени околу 40 милиони евра за набавка на струја.  За месецов за ова се обезбедени 25 милиони евра, но ЕСМ за половина месец потроши 16 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе