Вести Македонија Топ вести

Денис “Космонаутико” и Ленче “Ангелот од Велес” добитници на наградата “Мето Јовановски”

Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ одлучи оваа година на Меѓународниот ден за човекови права, 10 Декември, во Собранието, признанието за придонес во областа на човековите права да им го додели на Ленче Здравкин позната како „Ангелот од Велес“ и Денис Јанкуловски познат под прекарот „Космонаутко“.

Како хуманитарка и борец за унапредување на човековите права, уште од почетоците на бегалската криза која го зафати Балканот, помагаше на бегалците кои транзитираа низ Македонија, постојано обезбедуваше храна, облека и место за одмор на илјадниците луѓе кои бегаа од војни и конфликти, а често беше присутна и во транзитните центри во „Винојуг“ и „Табановце“.

-Нашиот глас треба да стигне колку што е можно подалеку. Да ја градиме јавната свест бидејќи не постои толеранција за кршење на човековото право. Секоја координирана активност од општеството, од тебе, од мене, од сите заедно има клучно влијание во справувањето со кршењето на секое човеково право, рече Здравкин. Апелираше до сите органи и останатите чинители во општеството да ги спроведуваат и почитуваат законите.

Јанкуловски пак е здравствен работник кој како дел од тимовите кои земаа брисеви на почетокот на пандемијата со Ковид-19 ги едуцираше, охрабруваше и забавуваше своите пациенти како и македонската јавност.

Тој е и активист од здружението „Аутизам ААМК“ кое се залага за зголемување на свеста за лицата со нетипичен развој, нивна поголема вклученост во општеството, прифаќање и почитување.

Јанкуловски изрази благодарност за наградата и порача дека лицата со атипичен развој заслужуваат и мора да ги имаат истите човекови права, како и секој од нас, а тоа да не биде само на хартија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе