Вести Македонија Топ вести

Скопје во сообраќаен колапс – приватните автобуси ноќта ја минаа на главните крстосници

Главниот град и денеска се разбуди под блокада од страна на приватните превозници кои и во текот на ноќта останаа на блокадите кај Мавровка, Црвен Крст и на Илинденска на потегот од фонтана до спортски центар Борис Трајковски.

Најавите се дека автобусите ќе останат тука се додека не се изнајде решение за проблемот со наталожениот долг кон нив, како и остварување на барањето да се продолжи со исплатите за да може да продолжат со работа. Градоначалничката Арсовска и вчера не се одзва на нивниот повик за средба и остана на ставот од пред неколку дена кога рече дека нема намера да отстапи пред притисокот кој се прави врз неа. Додека приватниците тврдат дека Градот им должи близу два милиони евра, Арсовска вели дека долгот кон нив не постои. Заложници на ваквите докажувања се граѓаните кои и денеска не можат навреме да стигнат на работа, во болница, на училиште… Утринава екипа на телевизија Телма го посети и Центарот за сообраќај на Град Скопје од каде имавме можност да видиме што се случува утринава низ градските сообраќајници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе