Вести Македонија Топ вести

Северна Македонија треба дополнително да ја усогласи визната политика со таа ЕУ, порачува ЕК

Северна Македонија од 2021 година нема превземено чекори да дополнително да ја усогласи визната политика со таа на ЕУ, оценува комисијата во петтиот извештај за мониторинг на безвизниот режим. Комисијата забележува дека граѓаните од Азербејџан, Боцвана, Куба, Ел Салвадор, Косово и Турција сѐ уште можат да влегуваат во Македонија без визи.

Секое дополнително отстапување од листата на ЕУ на земји за кои е потребна виза, треба да биде избегнато. Северна Македонија мора да обезбеди напредок во усогласувањето на својата политика со европската листа, особено во однос на овие трети земји, кои претставуваат ризик за нелегална миграција, или ризик по безбедноста на ЕУ. Тоа ќе биде важна тема во понатамошниот дијалог помеѓу ЕУ и Северна Македонија, се вели во извештајот.

ЕК додава дека ќе продолжи да ги мониторира и оценува чекорите на Македонија кон усогалсувањето на визната политика со таа на ЕУ, во согласност со Членот 8 од Правилникот за визи и механизмот за суспензија на визната либерализација.

Но, токму набројувањето на Косово меѓу земјите за кои се бара од Македонија и Албанија да воведат визен режим, предизвика бурни реакции во Приштина. Меѓу оние кои упатија критики беше и косовскиот амбасадор во Брисел, Аргон Барјами, кој првично воведувањето визи го оцени како неприфатливо, пред следниот ден да порача дека комисијата ќе ја поправи грешката.

Можам да потврдам дека нема никаква промени во ставот на ЕК, и апсолутно ја поддржуваме слободата на движење во регионот, изјави портпаролот на ЕК Ерик Мамер.

ЕК подоцна соопшти дека оваа грешка ќе биде исправен со нова верзија на истиот извештај, затоа што овој пропуст бил во спротивност со искажаната поддршка на комисијата за слободата на движење помеѓу државите на Западен Балкан. Особено затоа што и самата претседателка на комисијата, Урсула фон дер Лајен беше меѓу тие кои изразија поддршка за договорот за слободно движење, само со лични карти, помеѓу земјите во регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе