Вести Македонија Топ вести

ЈО започна предистражна постапка за малолетникот кој праќал лажни закани за бомби во скопски училишта

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција започна предистражна постапка за ученикот од скопската општина Карпош, за кој е утврдено дека на 4 ноември испратил лажни закани за поставени бомби во 4 скопски училишта. Предистражната постапка следува откако МВР спроведе истрага и на малолетникот му поднесе кривична пријава за тероризам.

Предистрагата трае. Се превземаат насоки и дејствија за утврдување на случајот, соопштиај од ЈО.

За лажните закани ученикот од Карпош бил инспириран од претходните дојави до скопските средни училишта, испраќани од октомври наваму. Солената шега може да го чини 8 години затвор, за делото кое го признал во полиција. Случајот е расчистен за три дена, но се уште не се откриени сторителите на повеќето испратени лажни закани за бомби до скопските  и до други училишта во внатрешноста на државата. За нив министерот Спасовски кажа дека се работи за хибридни напади, од странство. Поради подршката на Украина, Македонија е една од земјите во регионот, кои се изложени на сајбер напади на државните институции, откако започна руско – украинската војна, кажа на конференција државниот секретар во Министерството за одбрана. Според него, не може да се прогнозира колку долго ќе траат овие напади.

Ова е некоја нова ситуација која што била и претходно , но во помал обем. Не само кон нашата држава , кон сите држави има одредени хибридни напади . Ќе траат додека траат. Се надеваме дека ќе завршат што поскоро, како и војната во Украина, зијави државнито секретар Владимир Анчев.

МО постојано набавува нова опрема , а недостатокот на кадар се решава со стимулација со стипендии за заинтересираните за информатичка безбедност, уште додека се средношколци, согласно измените на Законот за служба во армијата, дополни Анчев.

Вчера и училишта во Кавадарци и од неколку блиски села беа мета на лажни закани за поставени бомби.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе