Вести Македонија Топ вести

Избран нов в.д. претседател на Академијата за судии – на местото на Герасимовски седнува Бесир Алиу

Нов в.д. претседател на Академијата за судии и јавни обвинители е Бесир Алиу, член на Управниот одбор на Академијата и јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово. Тој доаѓа на местото на судијата Зоран Герасимовски, кој поднесе неотповиклива оставка од лични причини.

Алиу ќе остане на функцијата до утре, за кога во 15 часот е закажана седница за избор на нов претседател на Академијата, доколку изборот не пропадне.

Зоран Герасимовски седна во фотелјата на Наташа Габер, чиј мандат истече на 30-ти ноември, и таму требаше да остане до избор на нов директор. Но, стручната јавност реагираше најмногу поради тоа што имаше три функции, член на Судски совет, апелационен судија и в.д. претседател на Академијата за судии. По реакциите, Герасимовски самиот си поднесе оставка.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе