Вести Македонија Топ вести

Со 10 гласа „за“ и еден „против“, Весна Дамева е избрана за нова претседателка на Судскиот совет

Весна Дамева е нова претседателка на судскиот Совет. Таа беше единствен кандидат за функцијата на денешната седница на судскиот Совет. Дамева доби 10 гласа, „против“ гласаше само Лорета Георгиева и на функцијата ќе ја наследи Павлина Црвенковска во текот на минатата недела поднесе оставка.

Пред почетокот на седница, членот на Судскиот совет, Зоран Герасимоски поднесе неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители и се иззема од гласањето за избор на нов претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе