Вести Македонија Топ вести

Кривична пријава за малолетник кој испратил една од лажните дојави за бомби во училиштата

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје, за сторено кривично дело „тероризам” предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичниот законик.

„Пријавениот малолетник, инспириран од претходни објави за поставени бомби во неколку средни училиштата на територијата на град Скопје, во период од 26 октомври до 2 ноември годинава на социјалните мрежи забележал дека пораките биле испратени преку конкретен провајдер, кој нуди криптирање и заштита на комуникацијата, при што на 4 ноември од неговиот персонален компјутер, пристапувајќи на интернет мрежата на еден телекомуникациски оператор, креирал електронска адреса на конкретниот провајдер, преку која напишал заканувачка порака за поставени експлозиви во четири средни училишта. Истиот ден, користејќи посебна апликација, преку неговиот мобилен телефон се поврзал на неговиот персонален компјутер и во 14:09 часот, од претходно креираната електронска адреса на службените електронски адреси на четирите средни училишта во Скопје, ја испратил горенаведената порака со заканувачка содржина“, информираат од МВР.

Од страна Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР, извршена е антитерористичка проверка на сите училишта кои што ја добиле порака, при што не се пронајдени експлозивни направи.

„Со цел обезбедување докази, од страна на Секторот за борба против тероризам насилен екстремизам и радикализам во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Секторот за меѓународна полициска соработка, преземени се мерки при што е утврдено дека електронската адреса на пријавеното лице била креирана на 4 ноември 2022 година во 11:17 часот од ај-пи адреса, за која од страна на телекомуникациски оператор се доставени податоци дека сопственик е Д.К.Ч. (43) од Скопје, мајка на кривично пријавеното малолетно лице“, појаснуваат од МВР.

Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, на 7 ноември бил извршен претрес на дом и други простории каде живее Д.К.Ч., при што се одземени десктоп компјутер, еден мобилен телефон и СИМ картичка, кои ги користел малолетникот, а од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика извршен е преглед во електронските уреди кои ги користи кривично пријавениот. Притоа било утврдено дека на 4 ноември преку интернет пребарувач било пристапено на конкретниот сервис провајдер, а врз основа на наредби од ОЈО за ГОКК извршено е вештачење на електронскиот доказен материјал, при што е утврдено дека пријавениот платил за закупување на пакет од провајдерот за користење безбедна електронска пошта.

На 7 ноември во ПСОН Карпош, во присуство на родител, инспектор за малолетници и семејно насилство од СВР Скопје и адвокат, извршен е разговор со пријавениот малолетник, при што тој го признал делото и го појасни начинот на негово извршување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе