Вести Македонија Топ вести

Спасовски: МВР веќе има осомничени лица за дојавите за бомби во скопските училишта

МВР веќе има осомничени лица за дојавите на бомбите во скопските училишта. Ова го потврди и вечерва министертот Спасовски. Во интервју за Канал 5 вели дека истрагата е при крај, се чекаат потврди на одредени факти и важни детали. Спасовски за чинот потврди дека е терористички акт и чекаат насоки од Обвинителството, а според него, сторителите треба најстрого да се казнат.

И денеска попладнето беа евакуиарни ученици од осум скопски училишта поради нови дојави за поставени бомби. За прв пат пристигнала и дојава за поставена бомба во основните училишта “Петар поп Арсов” во населбата Карпош и ОУ „Кочо Рацин“ во општина Центар.

Доцна попладнево заврши и проверката од специјалните полициски единици, и утврдено е дека сите дојави за бомби и овојпат се лажни.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе