Вести Македонија Топ вести

Спасовски тврди дека синот на Буши не бил тој што бегал од полициска патрола

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и натаму тврди дека во случајот со синот на неговиот заменик Назим Буши има медиумски шпекулации. Тој во интервујот за Канал 5 рече дека внатрешната контрола на МВР утврдила дека автомобилот не го управувал синот на заменикот Буши, дека автомобилот не бил ауди, туку мерцедес, и бил во сопственост на приватна фирма. Спасовски тврди и дека воопшто немало запирање на автомобилот.

Иако уште вчера министерот најави соопштение со детали за откриеното мвр дсега не испрати сооптение за инцидентот.

Телма објави дека во петокот автомобил со нелегално поставени флешери бегал од полициски патроли, а кога бил сопрен бил легитимиран синот на Буши. Спасовски тврди дека Буши помладиот не бил сигурно, но не кажа кој го управувал возилото, туку дека сопственикот од фирмата ќе биде повикан на разговор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе