Вести Македонија Топ вести

Илиевски: Стручните служби и директорката на училиштето во Градско мора да сносат одговорност

Намалено поведение и преместување во друго одделение на учениците насилници не е доволна мерка. Формални мерки по прописи и правила кои се воведуваат, без понатаму да се следат последиците и причините за тоа насилството, чии жртви се најчесто деца кои се повлечени, тивки, мирни и згора на тоа доколку се солидни ученици се непожелни и навредувани во овој систем на изместени вредности, смета професор Ралева.

„Имено за вакво серизно повредување и насилничко однесување кон еден ученик од други двајца ученици неопходно е преземање и на некаква одговорност на родителите, мониторирање од страна на родителите и повеќе гаранции дека однесувањето на децата ќе се промени. Самото префрлување во друго одделение зборува дека истото тоа тие можат да го направат и таму без одговорност и на родителите“, докторка Марија Ралева, невропсихијатар.

Физичкото и психичко малтретирање на 14-годишниот ученик во основното училиште во Градско, жртва на врсничко насилство траело две години и дури сега споделил со своите родители, кои пријавиле до надлежните институции. Но, што се случува со оние кои се вклучени во образовниот процес, самите наставници, психолозите, педагозите и сите соученици.

„Ваквото однесување не може да не биде забележано. Ако не е забележано говори дека училиштето нема никаков увид во тоа што се одвива меѓу учениците. Тоа говори за индолентноста на системот. Имате едно огромно мнозинство што молчи, мнозинство меѓу професорите, наставниците кои што ништо не покренуваат, мнозинство меѓу децата кои исто така молчат и премолчано се солидаризираат со наставниците“, додава Ралева.   

Стручните служби мора да сносат одговорност и самата директорка на училиштето вели Ѓорѓи Илиевски, пензиониран виш инспектор во Државниот просветен инспекторат.

„Тоа е жално за тоа дете. Јас специјализирав на детските права и мора под итно да си поднесе оставка директорката и стручните служби кои не си ја вршеле работата како што треба“, изјави  Ѓорѓи Илиевски, пензиониран виш инспектор во Државниот просветен инспекторат.

Во меѓувреме МВР најави дека Јавниот обвинител и Центарот за социјални работи Велес ќе постапуваат по овој случај. Државниот просветен инспекторат стапил во контакт со училиштето по што ќе следи вонреден инспекциски надзор за да се провери дали органите на раководење и управување на училиштето ги превзеле сите мерки и активности, согласно постојната законска регулатива, за целосно расчистување и документирање на случајот со ученикот.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе