Вести Македонија Топ вести

Вангеловски, Неделкова, Мемети и Арслани биле во комисијата за правосуден испит која пропуштала недипломирани меѓу кои и синот на Талат Џафери

Претседателката на испитната комисија за полагање на правосуден испит формирана во Правда во 2015-та била Лидија Неделкова, која во тој период беше врховен судија, а претходно во еден мандат беше и претседателка на Врховниот суд.

Членови на комисијата кои на правосудниот испит пропуштиле стотина правници без да ги исполнат законските услови се и Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Иџет Мемети и Николчо Николовски.

Секретар на комисијата бил Александар Алексовски.

Податоците се добиени врз основа на барање за пристап до информации од јавен карактер.

Тројца од членовите на испитната комисија повеќе не се во правосудството. Поранешните претседатели на Врховниот суд Јово Вангеловски и Лидија Неделкова се разрешени поради нестручно и несовесно извршување на судиската функција. Тогашниот врховен судија Николовски кој беше и претседател на Здружението на судии не е повеќе судија.

Но двајца од “пропуштачите” на кандидати на правосуден испит без исполнети законски услови се уште се на високи позиции во правосудниот систем.

Фаик Арслани е врховен судија, а по разрешувањето на Вангеловски беше и в.д. претседател на Врховниот суд.

Иџет Мемети кој во 2015-та беше Народен правобранител сега е член на Советот на јавни обвинители.

На списокот се тогашните највисоко позиционирани судии во правосудниот и Народниот правобранител, но и покрај се ги пуштале младите колеги без да ги исполнат законските услови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе