Вести Македонија

Студентите од Факултетот за бизнис економија оставени на цедило

Наместо внатре на настава, надвор на дожд и студ, на консултации како понатаму. Студентите од приватниот Факултетот за бизнис економија се оставени сами да се снаоѓаат за довршување на образованието, откако есенва нивните професори добија откази од в.д. директорката Жанина Кировска, по барање на основачот на факултетот, кој се правдаше дека работеле незаконски и не му давале да учествува во процесите.

Марија Михајловска е една од тие 400 студенти за кои нема настава, испити, ниту можност за дипломирање.

„Ние остануваме во статус кво, се уште.Од директорката добиваме информации дека е во преговори со министерот кој ќе одобри да се вработат нови професори без Наставнички совет, што е против сите закони за високото образование. Министерот нема дискреционо право тоа да го направи, што значи решение за проблемот нема“, изјави Марија Михајловска, студентка пред дипломирање на ФБЕ.

В.д. директорката не ја испочитува препораката на Трудовиот инспекторат за враќање на професорите на работа, а министерот Шаќири не ги удостои студентите со средба. Министерството за образование и наука (МОН) не поведе постапка за одземање на акредитацијата на факултетот без професори, за да се направи трансфер на студентите на универзитет со сродна студиска програма. Па, тие мораат да се префрлат на други факултети и да дополагаат 15 до 17 предмети.

Просветниот инспекторат по надзорот констатира неправилности, го извести МОН и другите надлежни институции за понатамошно постапување и го затвори случајот. Но, без насоки за решение. А, студентите кои платија по 400 евра за семестар не се обештетени.

„Како може во ваква ситуација да не ја активираат банкарската гаранција , она што сме го платиле до сега, да не обештетат“, додава Михајловска.

Иако се обидовме, за случајот не добивме одговор од МОН. И в.д. директорката на факултетот остана недостапна.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе