Вести Македонија

Шпекулирате, фактите се спротивни, министерот Спасовски за фотографиите со автомобилот на синот на заменикот Буши пред ограбена фабрика за марихуана

Министерот Оливер Спасовски тврди дека сите кои направиле прекршоци без разлика дали се министри, директори, обични граѓани или новинари треба да одговараат. Но за фотографијата на која се гледа Ауди А6 пред ограбената фабрика за марихуана, автомобилот со кој синот на заменик министерот Назим Буши бегал со флешери пред полициски патрола, вели шпекулирате.

Во април, магацинот на фирмата во стечај „5 Леттерс“ беше ограбен, а од него беа однесени 108 шишиња со масло од канабис вредни меѓу 2 и 5 милиони евра во завиосност од начинот на продажба. Уште од тогаш прашањата зошто дента на грабежот аудито било таму и дали возачот и евентуалните совозачи на скапата лимузина се испрашани во истрагата за милионската кражба се неодговорени. Според Спасовски,шпекулациите ќе бидат побиени со факти и и тврди дека априлската кражба на масло од канабис завршила со осудителна пресуда.

После тврдењето за пресуда во случајот со кражба на масло од канабис, прашавме во обвинителството за случајот.

Обвинителството ги проверува своите пресуди и порачаа дека многу бргу ќе добиеме одговор. Од МВР пак до подготвување на прилогот не стигна соопштението од МВР кое Спасовски го најави за денеска.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе