Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: СДСМ е измеќар на ДУИ

Без решенија за економско енергетската криза поради што граѓаните тонат во сиромаштија, рекордна инфлација и злоупотреби на системот за да се украдат што е можно повеќе пари. Ова се дел од обвинувањата кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ги упати кон владеачката коалиција во своето обраќање пред партиските членови. Тој побара техничка Влада која би организирала предвремени избори на пролет и заедничка платформа на сите политички партии и општествени чинители.

Според Мицкоски, СДСМ е во сервилна и подредена положба кон ДУИ, а на двете партии, според него, единствен приоритет им е личното богатење.

Тој го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека нема ништо заедничко со европските вредности за кои тој говори и дека му се флоскула за да не понесе одговорност за трагедии каде директно се инволвирани или виновни членови на ДУИ, како „Беса транс“ и Модуларната болница во Тетово.

За Мицкоски единствено решение се предвремени избори, лидерските средби досега одржани биле крајно неконструктивни и потребна е заденичка политичка платформа за спас на државата.

Владеачката гарнитура ја обвини за лоша дипломатија и низа порази, но и за кампања против него за навода блискост до Бугарија и Ванчо Михајлов.

Во своето обраќање нагласи дека промена на Уставот нема да има.

Мицкоски најави дека во моментот кога ќе има промена на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе направи темелна проверка на потеклото на имотот на актуелни функционери, не само на оние кои се објавени во рамките на аферата „паразити“ и доколку се утврдат злоупотреби имотите и средствата ќе се запленуваат и ќе има кривична одговорност.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе